Париски мировни договори: Договор за мал Версај (# 1)
На 28 јуни 1919 година, истиот ден кога бил потпишан Версајскиот договор, Полската делегација на Париска мировна конференција склучила спогодба, позната и како Малиот Версајски договор или Договор на полското малцинство. Овој договор бил изготвен врз основа на препораките на Комитетот на новите држави. Како услов за признавање на новата полска држава, полската влада „мораше да им гарантира на одредени права на своите малцинства: еднаквост пред законот, слобода на религија и право на одредени облици на колективно организирање во сферата на културата и образованието“. Малиот Версајски договор станал модел за 13-те малцински договори кои беа склучени по Париската мировна конференција.
Париската мировна конференција се одржа во 1919 година во Версај. Конференцијата беше насочена кон утврдување на условите за мир меѓу двете завојувани страни од Првата светска војна - победничките сојузнички сили и поразените Централни сили. Конференцијата започна на 18 јануари 1919 година и во голема мерка се сметаше за преседан во создавање на новиот, повоен поредок.По завршувањето на Првата светска војна, во новосоздадената Република Полска, околу една третина од вкупното население биле припадници на националните малцинства. Меѓу овие малцински групи, главно доминираа православните христијани, Евреите, калвинистите и лутеранските протестанти. Наспроти ова, полскиот римокатолизам, како религиозна вероисповест на мнозинската група, имал примат во новата република. Согласно полскиот устав од 1921 година, „римокатоличката религија, како религија на преовладувачкото мнозинство на нацијата, го зазема првото место меѓу религиите во државата“.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Париски мировни договори: Договор за мал Версај (# 1)
content
На 28 јуни 1919 година, истиот ден кога бил потпишан Версајскиот договор, Полската делегација на Париска мировна конференција склучила спогодба, позната и како Малиот Версајски договор или Договор на полското малцинство. Овој договор бил изготвен врз основа на препораките на Комитетот на новите држави. Како услов за признавање на новата полска држава, полската влада „мораше да им гарантира на одредени права на своите малцинства: еднаквост пред законот, слобода на религија и право на одредени облици на колективно организирање во сферата на културата и образованието“. Малиот Версајски договор станал модел за 13-те малцински договори кои беа склучени по Париската мировна конференција.
Context
Париската мировна конференција се одржа во 1919 година во Версај. Конференцијата беше насочена кон утврдување на условите за мир меѓу двете завојувани страни од Првата светска војна - победничките сојузнички сили и поразените Централни сили. Конференцијата започна на 18 јануари 1919 година и во голема мерка се сметаше за преседан во создавање на новиот, повоен поредок.По завршувањето на Првата светска војна, во новосоздадената Република Полска, околу една третина од вкупното население биле припадници на националните малцинства. Меѓу овие малцински групи, главно доминираа православните христијани, Евреите, калвинистите и лутеранските протестанти. Наспроти ова, полскиот римокатолизам, како религиозна вероисповест на мнозинската група, имал примат во новата република. Согласно полскиот устав од 1921 година, „римокатоличката религија, како религија на преовладувачкото мнозинство на нацијата, го зазема првото место меѓу религиите во државата“.
Questions
Што подразбирате под заштита на малцинските права? Дали малцинските права треба да се разликуваат од мнозинските права?
Temporal Coverage
20 ви век
Spatial Coverage
Европа, Полска, Франција
map
50.983333 / 11.316667
Relation
Subject
Is Referenced By
transcript of
Minorities Treaty between the Principal Allied and Associated Powers (the British Empire, France, Italy, Japan and the United States) and Poland, signed at Versailles (28 June 1919).
Audience
Yes
Creator
Naum Trajanovski