Членот 40 од Договорот од Лозана гласи:„Турските граѓани кои припаѓаат на немуслиманските малцинства уживаат ист третман и правна и фактичка сигурност како и другите турски граѓани. Особено, тие имаат еднакво право на свој трошок да воспостават, управуваат и контролираат, добротворни, верски и социјални институции, како и да воспоставуваат и управуваат со училишта и со други образовни институции, притоа имајќи право да го користат својот јазик и слободно со него да ја практикуваат својата религија “.
Мировниот договор од Лозана, официјално го реши конфликтот помеѓу Отоманската империја и сојузничките сили од Првата светска војна (Француската република, Британската империја, Кралство Италија, Империјата на Јапонија, Кралството Грција, Кралството Романија и Кралство на Србите, Хрватите и Словенците). Тоа бил втор договор потпишан од страните по првиот неуспешен договор на Севр (1920). Овој договор бил потпишан и по Грчко-турската војна (1919-1922). Грчките сили, по повторното освојување на градот Смирна од Турците, прифатиле договор со кој грчката влада се вратила на своите предвоени граници. Понатаму, независноста на Република Турција била проектирана со мировниот договор од Лозана. Со овој договор, дадена била заштита и на грчкото православно христијанско малцинство во Турција и на муслиманското малцинство во Грција.
Title
Paris Peace Treaties: the Treaty of Lausanne
Temporal Coverage
20 ви век
Spatial Coverage
Европа, Франција
Relation
Subject
Is Referenced By
transcript of
Treaty of Peace with Turkey Signed at Lausanne, July 24, 1923.
Creator
Naum Trajanovski