Во нивна чест

Во градот Крушево гордо се наоѓа споменикот Илинден (исто така познат и како Македониум). Посветен е на сите оние кои учествувале во Илинденското востание во 1903 година, како и на сите партизани од Македонската ослободителна војна од 1941 до 1944. Споменикот официјално бил отворен на 2-ри Август (Илинден), на триесет годишнината на Второто заседание на АСНОМ, како и седумдесет и првата годишнина од Илинденското востание. Целосната површина на споменикот е 48.500 квадратни метри. Самата градба има сверична форма чии прозори излегуваат нанадвор. Горните прозори се витражи. Во внатрешноста на куполата се наоѓа гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската република. Надворешноста на куполата има прозорци од кои секој гледа кон места кои имале поврзаност со настаните на Илинденското востание: Споменикот „Слива“, Мечкин Камен и Пелагонија.