Historia aeterna est - Историјата е вечна

Во Хрватскиот град Задар, на таканаречениот Римски плоштад на морскиот кеј, се наоѓа црквата на Св. Донат. Првично наречена Црква на Света Троица, таа била основана во почетокот на 8-миот век над остатоците на римскиот форум, на темелите на стариот пагански храм. Може да се каже дека разновидноста присутна во темелите придонела за обликување на употребата и судбината на овој прекрасен храм. Ова е одличен пример за религиска транзиција, од паганство во христијанство преку едноставна архитектонска обнова. За време на Венециската и Австриската власт, црквата била користена како склад, но потоа во периодот на Југославија била користена како археолошки музеј. Сега, издигнувајќи се гордо на древниот римски форум, служи како црквен музеј, а во одредени прилики, и како концертна сала за годишниот Интернационален фестивал на средновековна ренесансна музика.

Како историските или античките локалитети се пренаменуваат во вашиот град или земја?