Корени: Мобилноста на обичните луѓе во монархистичка Србија од XIX век
Корени, е ТВ емисија посветена на настаните во Србија во XIX век. Фокусот во серијата е ставен на мобилноста на обичните луѓе, која е перцепирана како многу значајна, главно поради секојдневниот, специфичен развој на социо-политичкиот контектс. Во неколку епизоди од серијата, прикажано е забележливо високо ниво на толеранција, посебно помеѓу доминантното православно христијанско мнозинство и значително помалото муслиманско малцинство. Овој факт има сериозен придонес кон меѓуетничкиот мир и соживот во земјата во тоа време. Единствената муслиманска фамилија која живее во Прегово, селото каде се одвива основниот заплет во серијата е многу почитувана од страна на локалната заедница. Малиот ресторан во сопственост на ова семејство е најчестото собирно место во Прегово, каде честопати се разговара за политички, економски и други актуелни теми.
Кои се главните причини за добрите меѓуверски односи? Што може да се научи од меѓусебната толеранција?