Корени: Простор и просторност

Имајќи предвид дека просторот и опкружувањето претставуваат многу значаен контекст во кој се операционализира верскиот соживот, специфично во ТВ серијата Корени е забележувањето на овие концепти (простор и опкружување) на микро ниво, т.е. во мала и рурална заедница. Толеранцијата, во најширока смисла се одвива/манифестира на разни локации претставени во ТВ серијата. Во однос на Прегово, најчесто претставени се две главни локации: селскиот плоштад, каде што мажите се среќаваат да разговараат за политика и малиот ресторан, во сопственост на Левиќ и неговата сопруга Була (нејзиното име во превод означува жена која носи шамија), кои се со муслиманска вероисповед. И двете места претставуваат микро просторни елементи, т.е. локации за инклузија на заедниците. Двете локации, познати се по тоа што на нив вообичаено се разговара за политика, трогвија, бизнис, економија, како и за други актуелни теми, а истовремено сé и места каде селаните меѓусебно се дружат. Ваквата меѓусебна интеракција и размена на информации, придонесува за јакнење на чувството за мир и спокој и за спречување на конфликти.