Корени: Бракот и другите „rites de passage“ вo XIX век во монархистичка Србија

Во однос на прашањата за браковите, погребите и другите прикажани обреди, Корени се фокусира на обичаите на православните христијани за време на XIX век, во монархистичка Србија. Покрај презентацијата на општоприфатените обичаи за стапување во брак и на погребалните церемониии и обичаи, интересно е да се напомене дека ТВ серијата се фокусира и на други церемонии, како што е примерот со крштевките на децата. Имено, после долгогодишни обиди да имаат деца, Ѓорѓе и Симка, конечно стануваат родители на едно момче. Прославата поврзана со неговото раѓање, како и неговото крштевање се прилично спектакуларни, што исто така покажува и различно толкување на обичаите, пред сé зависно од имотната состојба на семејството кое ја организира прославата.