Викинзи: Облека и надворешни знаци на идентификација

Историската драмска серија "Викинзи" започнува во Скандинавија во 8 век, следејќи го животот на Рагнар Лотброк, љубопитен земјоделец и жесток воин кој ги прекршува традициите на својот локален поглавар со тоа што прв плови кон богатите, неистражени земји на Западот, особено Англија. Серијата го следи неговиот амбициозен подем од пљачкаш до скандинавски крал, истражувајќи го сложениот социјален, верски и политички живот на паганските Нормани додека тие се судруваат со христијанските кралства на Европа. Приказната во голема мера ги вклучува темите на истражување, културен конфликт, лојалност и предавство, пред нарацијата конечно да се прошири и да се фокусира на епските и посебни авантури на неговите познати синови додека го продолжуваат неговото наследство низ различни делови на познатиот свет.

Религиозната идентификација на Викинзите е прилично необична, особено кога комуницираат со народи кои припаѓаат на други религии, како христијани и мулсимани, што впрочем е претставено во бројни епизоди на ТВ серијата. Главните, визулени обележја и знаци на индетификација се специфичните шлемови со рогови кои ја симболизираат силата на Один, потоа, цртежите на кожата направени од животинска крв и сл.. Од друга страна, христијаните како Ателстан и другите монаси, речиси секогаш носат златни крстови, специјални религиозни наметки и други религиозни симболи кои ги разликуваат од другите религии. Кога патуваат низ светот, Викинзите прифаќаат делови од гардеробата, т.е. облеката која им припаѓа на другите групи. Вакви примери особено се забележливи при патувањето на Викинзите во муслиманските наслеби во Африка. Во бројни ситуации, ваквите размени на облека или на други обележја, спречуваат судир и обезбедуваат барем краткорочен мир меѓу различните групи.

Зошто Викинзите понекогаш мирно коегзистираат и прифаќаат облека и знаци развиени од други религии, додека понекогаш се наметливи и насилни? Која е историјата на религиозните надворешни знаци за идентификација на Викинзите?