Викинзи: Простор и просторност

Интересно е да се напомене дека во многу епизоди од ТВ серијата, размената на идеи, емоции, трговија и гозби, се прави на две многу вообичаени локации за состаноци, т.е. на плоштадите во малите градови и во градските куќи. Тоа е посебно вообичаено за време на заедничките собири. На пример, кога Викинзите ја посетуваат Англија, голема група од нив биле гости на англискиот крал, при што и Викинзите и Англичаните славеле заедно споделувајќи верски и културни разлики. Друг пример потекнува од здружените состаноци на различните скандинавски племиња. Вообичаено тие се собираат или пред да тргнат во ограбувања и војни, или откако ќе се вратат од овие активности, означувајќи го преку собирот, успехот на нивните постапки. Наспроти постоечките конфликти, овие взаемни прослави резултирале со краткорочно зачувување на мирот меѓу различните групи прикажани во ТВ серијата.