Католичката мисија во Холандската Република
На крајот на шеснаесеттиот век, Ниските земји станаа религиозно и политички поделени. Оваа поделба беше решена со мирот во Минстер од 1648 година. Сепак, верскиот распад помеѓу двата дела на Ниските земји, не бил апсолутен. Во Холандската Република, реформираниот протестантизам бил доминантна вероисповест. Сепак, бројни католици, како и луѓе од други вери, како Евреите, продолжиле да живеат во Републиката или мигрирале таму.Во Амстердам, Евреите можеле слободно и јавно да ја практикуваат својата вера, додека јавното практикување на католицизмот било забрането во републиката. Наспроти ова, католиците продолжиле да слават миса во т.н. „скриени цркви”. На сликата, прикажана е таква скриена црква во Амстердам, наречена „Нашиот Господ на таванот“, основана во седумнаесеттиот век. Однадвор не е препознатлива како црква, додека внатрешноста претставува мала црква, со католички орнаменти.
Одговорот на Католичката црква во однос на забраната за јавно практикување на католицизмот, се базира на поставувањето на т.н. „Холандската мисија“. Имено, свештениците и членовите на т.н. редовни католички редови, почнале да дејствуваат како мисионери во Холандската република, нудејќи ги „приватно” своите верски услуги на останатите католици таму. Во некои градови, како што е Дордрехт, локалната власт имала строги и репресивни ставови против католиците. Во другите градови пак, како Лајден, католиците имаале поголема слобода во продолжувањето на нивното верско практикување и богослужење. Таму, свештеникот Pouwels Claesz de Goede, можел да продолжи да оди на улица во својата свештеничка облека, без да биде спречуван од локалната власт.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Католичката мисија во Холандската Република
content

Questions
Кои критериуми треба да ги почитува владата, за да ја признае и дозволи религиозната исповед?
Temporal Coverage
17 ви век
Spatial Coverage
Европа, Холандија, Ниски земји
map
52.366667 / 4.9
Relation
Subject
Is Referenced By
Bibliographic Citation
Kooi, C. (1995) ‘Popish Impudence: The Perseverance of the Roman Catholic Faithful in Calvinist Holland, 1572-1620’, Sixteenth Century Journal, 26, 1, p. 75-85.
Creator
Christophe Schellekens