Вестфалискиот Мир од Минстер ,Член 19: Религијата и меѓусебните посети во Ниските земји

Мировниот договор од Минстер, го реши долгиот политички и верски конфликт кој ги зафатил т.н. Ниските земји. Со мировниот договор, беше одлучено седумте обединети провинции да станат официјално призната независна држава. Од друга страна, јужните Ниски земји останале под власта на шпанскиот крал. Во обединетите провинции, познати и како Холандска Република, немало официјална религија. Сепак, холандската реформирана црква имала доминантна и привилегирана улога во јавниот живот. Во јужните Ниски земји, римо-католицизмот останал единствената прифатена религија. Со мирот од Минстер, исто така било овозможено жителите на двата дела на Ниските земји, да го посетуваат другиот дел. Членот 19, од мировниот договор ги поставил правилата за тоа какво треба да биде однесувањето за време на таквата посета:„Од субјектите и жителите на јужните Ниски земји кои влегуваат во обединетите провинции, се бара да се однесуваат во однос на јавно практикување на религијата со сета побожност, нé предизвикувајќи никаков скандал со збор или со дело, вклучувајќи ја и забраната за клевети. Истото се однесува и треба да го применуваат и субјектите и жителите на обединетите провинции кои влегуваат во јужните Ниски земји.”