Вестфален: Религија и глобална империја
Минстерскиот мир го реши политичкиот и религиозниот конфликт во Ниските земји. Петтиот, шестиот и седмиот член од Минстерскиот мир се однесуваат на претпријатија на шпанската империја и на Холандската република воспоставена на американскиот континент и во Азија. Покрај нивната војна во Ниските земји, двете држави исто така меѓусебно се конфронтирале и бореле и во овие региони. Економскиот профит ги движел нивните империјални и колонијални претпријатија, но тие исто така имале и религиозна димензија.Како резултат на шпанската и португалската доминација на голем дел од американскиот континент, таму бил воведен католицизмот. Во 1630 година, Холандската република успеала да освои делови од Бразил од католичката шпанска империја.
Во т.н. „холандски Бразил“ бил инсталиран режим на исклучителна религиозна толеранција. Новата холандска влада продолжила да им дозволува на католиците да ја практикуваат својата религија, а католичките верски редови ги задржале своите манастири и продолжиле да проповедаат. Со доаѓањето на Холанѓаните, калвинизмот исто станал дел од локалниот религиозен пејзаж. Покрај тоа, таму живеела и мала заедница на Евреи, која под хабсбуршкиот режим морала да се преправа дека е католичка заедница. Под Холанѓаните, тие уживале толеранција и можеле отворено да се идентификуваат и да се поклонуваат како Евреи.
Дали уредбите за верски соживот треба да бидат прилагодени на локалните околности? Ако да, зошто? Ако не, зошто? Дали треба да им се дозволи на државите да промовираат религии во другите делови на светот? Ако да, зошто? Ако не, зошто?