Еврејски музеј Франкфурт, музеј Јуденгасе: Враќање на заборавеното минато

Токму кога градот Франкфурт сакал да изгради нова зграда на јавното претпријатие за комунални услуги во 1987 година, работниците ги откриле темелите на неколку куќи на поранешната Judengasse (Еврејска патека) – најстарото еврејско гето во Европа. Оригиналната Judengasse (Еврејска патека), била срушена кон крајот на 19 век. Синагогата Борнеплац, исто така била срушена за време на ноемврискиот Погор во 1938 година. По Втората светска војна, на тоа место била изградена прометна сообраќајница.Откривањето на овие остатоци од најстарата еврејска историја во Франкфурт, предизвика јавна дебата. Некои жители на Франкфурт протестираа и бараа да се стави крај на градежните работи. Тие сметале дека ископаните камења ќе ги нарушат мирот и тишината околу еврејско-германското минато. На крај, темелите на петте куќи биле први отстранети, но потоа истите биле реконструирани и вградени во нова, подземна гаража. Денес тие го формираат срцето на музејот Judengasse, кој ја раскажува приказната за Евреите во Франкфурт во средновековниот и пред-модерниот Франкфурт.

Еврејски музеи и нивната архитектура. Може ли една зграда да раскаже приказна? Современите еврејски музеи имаат необична симболична архитектура која ги комуницира нивните мисии, влегува во дијалог со околниот простор и ја инспирира имагинацијата и емоциите на своите гледачи. Тие обично се наоѓаат на места што во минатото биле центри на еврејскиот живот. Понекогаш се наоѓаат во стари синагоги или остатоци од други згради што некогаш ѝ припаѓале на еврејската заедница. Тие им даваат нов живот и го обновуваат минатото. Исто така, постојат музеи лоцирани во нови згради кои обично се дизајнирани од светски познати архитекти. Нивната архитектура е експресивна, полна со асоцијации поврзани со еврејската историја и култура. Само со гледање на зградата и со движење во нејзиниот простор, посетителите можат да добијат основно разбирање за тоа за што се работи во музејот. Таквата архитектура може да се чита како книга! Помага да се изгради нарацијата на еден музеј.

Што значи да се зачуваат спомениците од минатото? Какво значење може да има тоа за нашиот современ живот?