Конфедерација на Варшава 1573 година - Слика на документот

Further information about The Confederation of Warsaw can be found at On Site, In Time.

Оваа слика покажува како изгледал верскиот договор за мир во раната модерна Европа.Членовите на полското и литваското благородништво се состанаа во Сејм, (полско-литванскиот парламентарен собир), во Варшава на 28 јануари 1573 година. Тие ја потпишаа Конфедерацијата на Варшава. Потписниците изјавија дека сакаат да го задржат мирот и покрај разликите во нивните религии. Ова беше многу необичен чекор во присутната ера на религиозен конфликт. Оригиналниот документ прикажан тука, го презентира целиот текст на Конфедерацијата. Текстот е делумно на латински, а делумно на полски јазик и напишан е на пергамент. Во прилог се 206 пломби. Тие ја изразуваат согласноста на нивните сопственици за Конфедерацијата. Само 128 имиња можат да се идентификуваат (другите не се повеќе читливи). Документот ја претставува традицијата на верска толеранција и истиот во 2003 година, беше вклучен во регистарот на светско документарно наследство на УНЕСКО „Спомен на светот“.
Во 1573 година, Полска-Литванија беше една од најголемите земји во Европа. Од 1569 година Полска и Литванија беа поврзани во унија, позната како Унијата на Лублин. На врвот стоеше кралот. Најбогатите благородници застапени во Сенатот, како и другите благородници имаа силна правна позиција. Тие сочинуваа скоро десет проценти од населението и сметаа дека државата е „република на благородниците“. Како изборна монархија, по смртта на кралот Сигисмунд Втори во август, 1572 година, новиот крал на Полска требаше да го изберат благородниците. Во оваа огромна земја беа претставени многу верски групи: католички и православни христијани, но и муслимани и Евреи. Од средината на шеснаесеттиот век, разни евангелски групи, исто така, пронашле следбеници во Полска: реформирани (калвинисти) и лутеранци, браќа на Боем, кои избегале од Бохемија, како и други прогонети групи прогонети од остатокот во Европа, кои таму пронашле засолниште. Оттука, Полска-Литванија беше мултирелигиозна држава.