Важна e различноста

Нашите разлики не прават тоа што всушност сме. Нашите карактеристики не прават посебни и уникатни. Различноста го збогатува нашето општество и околината. Меѓутоа, понекогаш разликата со себе носи и т.н. општествена “цена” и води до дискриминација. Зошто е така? Зошто некои разлики се вреднуваат т.е. оценуваат и критикуваат и зошто општеството ги третира поинаку?

Таков беше примерот и со Чарлс Бредло (1833-1891), првиот британски политичар, атеист. Во тоа време, многу луѓе го перцепираа атеизмот како нешто негативно и навредливо. Дури и во учебниците, тој бил прикажан како нешто неприфатливо и безобразно. Поточно, како што можете да видите во извадокот „Атеизмот и Чарлс Бредла“, авторот го прикажал Чарлс Бредло, како лилјак опкружен со пеперутки и инсекти. Зошто во учебник за деца, авторот прикажал атеист на овој начин? Каква слика на атеизам сакал да прикаже?

Разликата, понекогаш може да биде многу значајна и вредна, како на пример кога барате работа. Сепак, не сите разлики се гледаат и прифаќаат како позитивни. На пример, муслиманките кои носат хиџаб во некои случаи се во понеповолна положба во процесот на вработување во споредба со нивните колеги/колешки кои не носат хиџаб. Тие, понекогаш чувствуваат притисок да го променат својот изглед за да се вработат, како што е прикажано во клипот „Муслиманките разговараат за отстранување на хиџабот на работа“. Какви се претпоставките на барем дел од работодавците кои ги дискриминираат оние кои носат хиџаб?

Друга група на луѓе, кои често стануваат жртви на дискриминација се Евреите. Се чини дека Антисемитизмот сега е во пораст во Европа, како што е прикажано и во клипот „Антисемитизмот во Европа“. Кои се причините за растот на антисемитизмот во Европа? Како можеме да се бориме против овие форми на дискриминација?

Во однос на вашето размислување за поставените прашања, во прилог презентирани се и неколку различни начини и пристапи за ваше надоврзување на идеите претставени во овие клипови:

Кои се заедничките карактеристики во формите на дискриминација прикажани во клиповите? Како општествата реагираа на ваквата дискриминација во минатото?

Дали, денес препознавате дискриминација врз основа на верска разлика во вашиот свет/опкружување (земја, град, училиште)? Ако е така, како истата ја споредувате со дискриминацијата во минатото?

Зошто мислите дека овие форми на дискриминација сè уште постојат во нашето општество? Како е возможно историјата да нè научи за опасностите од дискриминација врз основа на религиозни разлики?

Дали имате идеи како да се борите против пропагандата и стереотипите? Дали ви се познати какви било иницијативи во вашата област кои се борат со каква било форма на дискриминација?