Миграција, трговија и патување

Каква е поврзаноста на миграцијата и патувањето, со верската толеранција? Исечоците/клипинзите во овој дел овозможуваат креирање одредени одговори на повеќе прашања на ова поле, како што се:

Ако размислувате за миграцијата: дали познавате луѓе кои мигрирале или кои биле принудени да го прават тоа?

Дали препознавате генерални и заеднички карактеристики за сите луѓе кои мигрираат?

Дали препознавате генерални и заеднички карактеристики за сите луѓе кои се принудени да ја напуштат својата татковина?

Каква би можела да биде врската помеѓу патувањето во различни земји и практикувањето толеранција кон различните религии? Каква би можела да биде врската помеѓу размената на стоки преку трговија и размената на идеи?

Во минатото, на Евреите често им се припишувал специфичен статус. Според вас, зошто владетелите го правеле тоа?

Што мислите, како може да се спореди искуството на мигрантите денес со она во минатото?

Луѓето денес многу патуваат поради задоволство, како туристи. Меѓутоа, во никој случај сите патувања не се доброволни, а луѓето честопати морале да патуваат за да ги спасат своите животи. Бегалците, често може да имаат многу активен религиозен живот и да бидат принудени да заминат токму поради нивните различни ставови. Евреите, се еден од примерите низ европската историја. Меѓутоа, кога станува збор за прифаќањето на бегалци, светските религии се во согласност со хуманистите - на страдалникот мора да му се помогне. Видете го исечокот „Христијански вредности“: Мануел Саразин (2015).

Миграцијата често се поврзува со невозможни услови за живот во татковината, а можеби и со прогон. Нема евидентни промени во историјата во поглед на ова прашање, дури и ако се осврнеме на блиското минато. Не треба да заборавиме што значи „да се биде бегалец: тешкотија, неволја, безнадежност, бездомништво – без оглед на вековите или континентите“, како што се истакнува во клипот „Бегалци во 1945 и 2015 година: банер на Лајпциг“.

Евреите одиграа важна улога во историјата на европската економија. Во средниот век, кога христијанството беше доминантна религија, Евреите мораа да бидат заштитени од владетелите за да дејствуваат слободно и да останат верни на своите верувања - да воспостават верска толеранција за нив. Еден пример е Статутот на Калиш, повелба издадена од војводата Болеслав Побожниот, во 1264 година, во Полска. Видете го исечокот „ПОЛИН Музеј на историјата на полските Евреи: Статут на Калиш – механизмите на средновековните населби на Евреите во полските земји“.

Кога правите Docutube, можете да интервјуирате членови на верски заедници или луѓе за кои знаете дека немаат религиозна поврзаност, со цел да го разберете нивното сопствено искуство од миграцијата или да ги истражите нивните интеракции со религиозните мигранти. Можете да ги споредите нивните искуства со оние од минатото, како што е презентирано во исечоците.