Статут на Калиш: Механизмите на средновековните населби на Евреите во полските земји

„Јас, Болеслав Побожен, по благодат на Бога и Војводата од Вилкополска, му објавувам на нашиот народ денес и во иднина… дека решивме збор по збор, да им ги претставиме на Евреите што живеат во целата област на нашата земја, законите и привилегиите кои тие ги добија од нас “.

 

Фрагмент од Статутот на Калиш, 1264 година Статутот на Калиш е Повелба издадена од војводата, Болеслав Побожен, во 1264 година за Евреите во Вилкополска (Голема Полска). Таа била прва сеопфатна регулатива поврзана со Евреите во полските земји. Сметајќи дека Евреите се корисни за локалната економија, војводата им дозволил да се населат во неговата земја и да се занимаваат со трговија и бизнис. Тие ги имаале истите трговски права како и христијаните. Во исто време, војводата ја гарантирал нивната слобода на религијата, станувајќи заштитник на нивниот живот и имот. Војводата, исто така назначил и судија кој решевал спорови меѓу Евреите и христијаните. Ова значело дека градските судови немале надлежност над Евреите. Најдобар доказ за оваа соработка се монетите со хебрејски натписи од 12 и 13 век, најдени на полските територии. Тие ги ковале Евреите на кои им била дадена дозвола да се вклучат во оваа активност и служеле како официјална валута на војводата. На нив впишани се натписници/пораки со хебрејски благослов, името на владетелот и имињата на Евреите клои ги ковале.

Соживот

 

Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција

Што знаете за карактеристиките на општеството во средновековна Европа? Како тоа било организирано? Зошто сметате дека војводата бил заинтересиран за оддржување на мирот помеѓу различните социјални слоеви и помеѓу религиозните групи во неговата земја?