Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Скопје: Сефардските Евреи пристигнаа во Отоманската империја

Османлиските земји на Балканот, станале прифатливо и посакувано место за протераните сефардски Евреи од Шпанија и Португалија на крајот на 15 век. Отоманската империја вклучувала многу етнички, национални и религиозни групи, вклучително и Евреи. Како немуслимани тие имале инфериорна позиција во општеството, но сепак им била дадена автономија која им овозможила да живеат добро и да обезбедат опстанок и развој на сефардската традиција. Еврејската заедница и населба била охрабрена и од султаните кои ги разбрале придобивките од таквиот соживот. Евреите донеле знаење и вештини во трговијата, банкарството, дипломатијата, медицината, астрономијата, производството на текстил и што е најважно, во печатењето. Првата печатница во Отоманската империја, ја поставиле Давид и Самуел ибн Намимија, евреи прогонети од Шпанија.

Соживот:

 

Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција

Дали познавате други примери на ситуации во кои новите имигранти пренесуваат одредена вештина или знаење во некоја земја?