Ритуални предмети како знак на соживот на Евреите и христијаните

Иако Евреите во Франкфурт биле принудени да живеат во посебни четврти, т.е. гета, тие сепак имале многу контакти со околното население. Овие контакти и релации го надминувале официјалниот пристап на властите кон Евреите . Тоа, меѓудругото го потврдува и примерот со ритуалните предмети кои некогаш припаѓале на еврејската заедница во Франкфурт, а кои биле направени во христијански работилници, но користени за еврејски ритуали. Тие докажуваат дека во пред-модерната ера, Евреите и христијаните биле запознаени со меѓусебните светови и култури. Евреите ангажирале христијани да ги произведуваат еврејските обредни предмети. Тие, исто така ги позајмиле меѓусебните идеи и концепти и ги прилагодиле на сопствените традиции. Стилот на овие артефакти, како и на некои книги и обредни предмети произведени од Евреите, покажува дека еврејската и христијанската уметност и покрај поврзаноста со различни традиции, споделувале сличен стил, мотиви и украси.
Соживот: Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција