„Ренесансата зборува хебрејски“, Nazionale Museo dell'Ebraismo e della Shoah, Ферара: Ренесансата зборува хебрејски
Ренесансата имала клучна улога во обликувањето на италијанскиот идентитет. Станува збор за период во кој Италија влијаела врз стилот и културните идеи на цела Европа. Изложбата, „Ренесансата зборува Хебрејски“, претставена во Museo Nazionale dell’Ebraismo e della Shoah, Ferrera, во 2019 година, ја раскажува оваа приказна преку размената помеѓу христијанското општество и италијанските Евреи. Иако Евреите имале инфериорна позиција во општеството и биле подложени на одредени ограничувања, за време на ренесансата тие биле почитувана, автономна заедница. Постоеле многу моменти и периоди на соработка и на меѓусебно влијание. Пред нивната населба да биде ограничена на гетата во средината на 16 век, Евреите живееле меѓу христијаните и имале различни професии. Еврејските лекари биле особено ценети за своите вештини. Одредени еврејски позајмувачи на пари успеале да постигнат социјално и економско ниво споредливо со христијанската аристократија. Покрај тоа, тие најчесто се школувале и собирале и располагале со големи лични библиотеки. Исто така, присутни биле и примери на пријателство и интелектуална размена помеѓу христијанските и еврејските научници. Некои христијани собирале еврејски книги и студирале хебрејски, честопати со помош на некои образовани Евреи. Во многу дела на големи уметници и писатели биле употребени клучните идеи од јудаизмот.
Соживот: Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население
Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција
Title
„Ренесансата зборува хебрејски“
Nazionale Museo dell'Ebraismo e della Shoah, Ферара: Ренесансата зборува хебрејски
content

Context

Questions
Како ја разбирате идејата за „интелектуална размена“? Дали ви се познати други примери на таква размена помеѓу различните етнички, национални или религиозни групи?
Temporal Coverage
16 ви век
Spatial Coverage
Европа, Германија
map
44.835463 / 11.613407
Relation
Subject
Is Referenced By
Source
Museo Nazionale dell'Ebraismo Italiano e della Shoah, Ferrara
https://www.meisweb.it/
https://www.meisweb.it/
Bibliographic Citation
Museo Nazionale dell'Ebraismo Italiano e della Shoah, Ferrara; temporary exhibition “Renaissance speaks Hebrew” , temporary exhibition, 12 April – 22 September 2019
Audience
Yes
Creator
Tamara Sztyma