Аџијски сувенири (сувенири од Ерусалим): вообичаени корени на три религии
Привремената изложба „Добредојдовте на Ерусалим“ која се одржала во еврејскиот музеј во Берлин во 2017 година, била исполнета со т.н. „аџијски сувенири”(сувенири од Ерусалим) кои доаѓаат од следбениците на трите главни монотеистички религии во светот, т.е. од: муслимани, христијани и Евреи. Низ вековите, сите тие патувале во Ерусалим.Муслиманите ја посетуваат џамијата Ал Акса и Куполата на карпата, изградена на еден рид, за која се верува дека е местото на искачувањето на Мухамед кон рајот. Христијаните патуваат до местото на Христовото распнување и воскресение, кое сега го покрива, т.е. е во внатрешноста на Црквата на Светиот гроб. За Евреите, Храмот на храмовите, порано бил вечното место на присуството на Бога уште од антиката. По уништувањето на Храмот, тие продолжиле да патуваат кон Светата земја во посета на гробниците на библиските личности и духовни водачи. Т.н. „Аџилак движење”, се засилило на крајот на 19 век со развојот на транспортот. Аџиите вообичаено носеле дома неколку мемоари и обредни предмети изработени од регионални материјали. Понекогаш, една иста работилница изработувала сувенири за верници од различни религии.
Соживот
Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција
Дали ви се познати други центри за верски аџилак? Зошто луѓето тргнуваат на аџилак?