Полин музеј на историјата на Евреите ПОЛИН: Акт на Варшавската конфедерација - верска толеранција во полско-литванскиот Комонвелт и неговите граници

Актот на Варшавската конфедерација бил потпишан од благородништвото на Полско-литванскиот комонвелт во 1573 година. Со него била донесена одлука „мирот да се одржува меѓу луѓето од различна вера и литургија“, што говори за релативно толерантната атмосфера во Комонвелтот. Наспроти другите делови на Европа за време на Реформацијата и контра-реформацијата, тука немало крвави религиозни војни или прогони, а атмосферата на умерена религиозна толеранција, исто така, имала влијание и врз следбениците на другите вери, вклучително и на Евреите.Изложбата во музејот ПОЛИН за историјата на полските Евреи, ги илустрира границите на оваа толеранција, во услови на отворени конфликти и антиеврејското непријателство и расположение на Католичката црква во Европа во средниот век. Антиеврејското однесување особено било засилено за време на реформацијата, кога Католичката црква застапувала разни лажни обвинувања Евреите.
Соживот: Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција