Полин Музеј на историјата на полските Евреи: религиозни дебати во 16-тиот и 17-тиот век Полско-литванскиот Комонвелт
Ова гравирање од 17 век, прикажува панорама на Троки, град лоциран во близина на Вилна. Троки бил еден од најголемите центри на караитите, секта во рамките на јудаизмот. На гравурата може да се забележи куќа за молитви на караитите, а веднаш до неа и татарска џамија. Соживотот на различните вери бил вообичаен во Полско-литванскиот комонвелт. Тој бил дом на католици, Евреи, православни христијани, муслимани, лутеранци, калвинисти, ерменци и на многу други.Дел од изложбата во ПОЛИН - музејот за историја на полските Евреи, изграден околу панорамата на Троки, фокусиран е на сложените верски расправии и дискусии кои се воделе меѓу претставници на различни вери. Овие верски дискусии, меѓудругото биле овозможени и како резултат на развојот на печатот кој дозволувал дистрибуирање на светото писмо и на полемичките трактати. Наспроти фактот дека ваквите дискусии овозможиле подобро разбирање помеѓу различните вери, истовремено тие иницирале и конфликти и насилство, особено од страна на Католичката црква, која се обидувала да ја зајакне својата загрозена позиција по Реформацијата.
Соживот: Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население
Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција
Title

content

Description
Clipping dedicated to religious debates in the 16th and 17th Century Polish-Lithuanian Commonwealth as presented in the core exihibtion of the POLIN Museum of the History of Polish Jews
Context
Соживот: Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население
Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција
Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција
Questions
Дали сметате дека е прифатливо да разговарате и разменувате идеи со припадници на различни религиозни групи? Дали имате интерес да спознаете како размислуваат и во што веруваат другите луѓе?
Temporal Coverage
16 ви век
Spatial Coverage
Европа, Полска
map
52.249444 / 20.992778
Relation
Subject
Is Referenced By
Source
POLIN Museum of the History of Polish Jews
www.polin.pl
www.polin.pl
Audience
Unknown
Creator
Tamara Sztyma