Сефардски музеј во Толедо: процут на еврејската култура во средновековна Шпанија
Златното доба на Евреите во Шпанија, сé совпаднало со средниот век во Европа. Тоа бил период на муслиманско владеење во поголемиот дел од Иберскиот Полуостров. Општо земено, Евреите биле прифатени во општеството, иако како граѓани од „втор ред”. Еврејскиот религиозен, културен и економски живот во тој период доживел силен развој. Еврејските филозофи, математичари, астрономи, поети и рабински научници развиле богата културна и научна работа, притоа земајќи/црпејќи инспирација и од грчката и арапската култура.На крајот на 11 век, кога нивната состојба во муслиманските кралства се влошила и кога христијаните почнале да го освојуваат полуостровот, некои Евреи избегале во христијанските кралства. Тие добиле заштита од кралевите, бидејќи помогнале во повторното заживување на териториите напуштени за време на војните. Нивната писменост и познавањето на јазиците било многу корисно. Покрај како сопственици на земјиште, Евреите биле ангажирани и како експерти, имале и јавни позиции во кралската администрација, а честопати дејствувале и како преведувачи. Тие го помогнале пренесувањето на арапската наука и литература во христијанскиот свет.
Соживот
Еврејските музеи како потсетници на вековното еврејско присуство и соживот во рамките на локалното население Еврејските музеи во Европа ја изразуваат потребата за помирување на европските општества со нивните тешки еврејски истории и за „рушење” и надминување на тишината која го опкружувала холокаустот. Тие, исто така ја претставуваат и перспективата на малцинството кое многу векови е присутно во европската историја и култура. На овој начин тие не потсетуваат на мултиетничкото минато на некои земји или региони. Нивните изложби ја претставуваат еврејската историја како дел од локалната историја. Притоа, тие паралелно го потенцираат соживотот кој опфаќа периоди на мирна соработка и меѓусебно влијание, но и периодите на конфликти и кризи. Исто така, го покажуваат и посебниот карактер на еврејската култура на одредено место. Наративот на еврејските музеи има за цел да ја развие светста кај посетителите за идејата за културната разноликост и толеранција
Дали сметате дека концептот за мултикултурна размена е корисен за развојот на културата и цивилизацијата? Дали познавате други примери кога религиозно или етничко малцинство пренесува некои културни вредности или знаење на мнозинството?