Кога во 1562 година бил издаден Едиктот на Сен Жермен, швајцарскиот град Женева веќе станал центар на протестантизмот. Протестантскиот лидер Џон Калвин е роден како Французин, но тој избегал од Франција. Во Женева, тој пронајде безбедно засолниште кое беше приемливо и отворено за неговите учења. Калвин го структурирал и организирал протестантизмот уште повеќе. Неговата линија на протестантизам се нарекува Реформирана. Калвин исто така образувал и обучил 88 француски проповедници според реформираните учења. Овие Французи отпатувале во Женева со желба да бидат едуцирани од Калвин. По обуката, проповедниците се враќаат од Женева во француското кралство, каде патуваат на разни места и ги проповедаат учењата на Калвин. Едиктот на Сен Жермен содржи клаузула против овие патувачки проповедници, која има забранува на протестантите да патуваат од село до село за да проповедаат. Исто така, клаузулата им забранувала да проповедаат против католичката миса и други католички церемонии.

Едиктот на Сен Жермен (1562) бил закон што го издал францускиот крал. Тој им овозможи на протестантите ограничени права за богослужба во Франција. Во претходните децении протестантизмот стана популарен во различни делови на Франција. Францускиот крал, кој самиот бил католик, првично ги гонел протестантите. Тој ги сметал за нелегални отстапувањата од католицизмот. Сепак и покрај ваквото обвинување, протестантството продолжи да расте во Франција. Првично, протестантите тајно се собираа и ги реализираа верските обичаи. Со текот на времето, тие почнаа да се собираат и да се поклонуваат и во јавност. Ова создаде тензична ситуација низ цела Франција.Едиктот на Сен Жермен се обидел да организира мирен соживот меѓу протестантите и католиците. Во таа насока, тој им даде ограничено право да се поклонуваат надвор од градовите. Сепак, се соочи со спротивставување од католички благородници и судии, кои сметаа дека е неприфатливо да се прошират правата на богослужба на протестантите. Поради ова спротивставување, тензијата продолжи. Протестантите веруваа дека конечно им е дозволено да чествуваат религијата јавно, но на моменти сепак беа и напаѓани. Тие реагираа со преземање на контролата врз локалната власт во разни француски градови. Тоа доведе до избувнување на Првата француска војна за религија, во летото 1562 година. Следните 37 години, верските војни и законодавство за привремено смирување, следеа едно по друго.

Колку и на кој начин е поврзана религијата со мобилноста? Дали владите треба да се мешаат во навиките  за патување на црковните и верските водачи, како што тоа го  направи француската влада?