Контроверзни политички лидери и религиски мир: Катрина де Медичи и Едикт на Сен Жермен
Овој клипинг ја претставува контроверзната улога на Катерина де Медичи во религискиот конфликт во Франција во XVI век. Во Едиктот на Сен Жермен, францускиот крал се осврнува на советите што ги добил од неговата мајка, Катерина де Медичи. Во втората половина на шеснаесеттиот век, француските кралеви имале само кратко владеење. Разни несреќи и болести довеле до нивна прерана смрт. Оттука, кралевите биле перцепирани како слаби личности, оставајќи им простор за владење на другите. Катерина де Медичи, вдовица на Хенри Втори, станала мошне значајна личност во однос на ова прашање. Таа им помагала на тројца од нејзините синови кога биле цареви. На сликата на Франсоа Клует, таа е прикажана како строга мајка која ги штити своите млади синови. Кетрина беше многу контроверзна личност. Таа самата беше католик. Сепак, таа ја стави заштитата на монархијата пред католичката вера. Затоа Катерина барала начини да го смири конфликтот, поради што и двете страни ја мразеле заради тоа. Католиците негодувале поради нејзиниот компромис, а протестантите останаа сомничави кон неа. Нејзината улога во масакрот на денот на „Св. Вартоломеј“, масовен напад врз протестантите, е контроверзна и никогаш нé била целосно расчистена. Особено, протестантите ја сметаа како лично одговорна за тој напад.
Едиктот на Сен Жермен (1562) бил закон што го издал францускиот крал. Тој им овозможи на протестантите ограничени права за богослужба во Франција. Во претходните децении протестантизмот стана популарен во различни делови на Франција. Францускиот крал, кој самиот бил католик, првично ги гонел протестантите. Тој ги сметал за нелегални отстапувањата од католицизмот. Сепак и покрај ваквото обвинување, протестантството продолжи да расте во Франција. Првично, протестантите тајно се собираа и ги реализираа верските обичаи. Со текот на времето, тие почнаа да се собираат и да се поклонуваат и во јавност. Ова создаде тензична ситуација низ цела Франција. Едиктот на Сен Жермен се обидел да организира мирен соживот меѓу протестантите и католиците. Во таа насока, тој им даде ограничено право да се поклонуваат надвор од градовите. Сепак, се соочи со спротивставување од католички благородници и судии, кои сметаа дека е неприфатливо да се прошират правата на богослужба на протестантите. Поради ова спротивставување, тензијата продолжи. Протестантите веруваа дека конечно им е дозволено да чествуваат религијата јавно, но на моменти сепак беа и напаѓани. Тие реагираа со преземање на контролата врз локалната власт во разни француски градови. Тоа доведе до избувнување на Првата француска војна за религија, во летото 1562 година. Следните 37 години, верските војни и законодавство за привремено смирување, следеа едно по друго.
Како се прикажуваат водечките политички фигури во религиски конфликти? Дали се пофалени за нивните смирувачки ставови или пак се критикувани и „обвинети” за нивните грешки и строгост?
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете