Едикт на Сен Жермен: Вкрстена конфесионална солидарност за време на Француските војни на религијата

Овие извадоци даваат примери за солидарност меѓу католиците и протестантите за време на религиските војни во Франција, во XVI век.Во периодот по 1589 година, членовите на Католичката лига го контролирале Дижон (град во Франција). Католичката лига беше екстремистичко движење насочено кон искоренување на која било форма на протестантизам надвор од Франција. Лигата се сврте и против сите оние кои имаа умерен и смирувачки став во однос на религиозните конфликти. Затоа, тие се спротивставија и на францускиот крал и неговите приврзаници. Оттука, по 1589 година, протестантите и оние со умерени ставови морале да побегнат од Дижон или да се кријат. Сепак, за време на овие огромни религиозни тензии, протестантските и католичките жители на Дижон, продолжиле да комуницираат на мирен начин. На пример, Ана Гајно, била сопруга на водач на католичката лига во францускиот град Дижон. Во 1594 година, таа му помогна на Клод Бретања да избега од градот. Бретања поведе неуспешен државен удар против Лигата. Во 1590 година, извесна Маргерит Милиер била испрашувана за нејзиниот постојан контакт со нејзината сестра и со нејзиниот протестантскиот сопруг. Таа ги изненадила своите испрашувачи кога одговорила дека религиозната вера на нејзината сестра е „толку мала работа“.
Ова е клучен пасус на Едиктот за мир. Францускиот крал им дозволува на протестантите да се соберат и да се поклонуваат надвор од градовите. Едиктот на Сен Жермен (1562) бил закон што го издал францускиот крал. Тој им овозможи на протестантите ограничени права за богослужба во Франција. Во претходните децении протестантизмот стана популарен во различни делови на Франција. Францускиот крал, кој самиот бил католик, првично ги гонел протестантите. Тој ги сметал за нелегални отстапувањата од католицизмот. Сепак и покрај ваквото обвинување, протестантството продолжи да расте во Франција. Првично, протестантите тајно се собираа и ги реализираа верските обичаи. Со текот на времето, тие почнаа да се собираат и да се поклонуваат и во јавност. Ова создаде тензична ситуација низ цела Франција. Едиктот на Сен Жермен се обидел да организира мирен соживот меѓу протестантите и католиците. Во таа насока, тој им даде ограничено право да се поклонуваат надвор од градовите. Сепак, се соочи со спротивставување од католички благородници и судии, кои сметаа дека е неприфатливо да се прошират правата на богослужба на протестантите. Поради ова спротивставување, тензијата продолжи. Протестантите веруваа дека конечно им е дозволено да чествуваат религијата јавно, но на моменти сепак беа и напаѓани. Тие реагираа со преземање на контролата врз локалната власт во разни француски градови. Тоа доведе до избувнување на Првата француска војна за религија, во летото 1562 година. Следните 37 години, верските војни и законодавство за привремено смирување, следеа едно по друго.