Хенри IV и Едиктот од Нант

Хенри од Навара (1553-1610,) бил клучна фигура во Француските религиозни војни и во нивното смирување преку Едиктот од Нант. Хенри бил син на Жана д’Албре, кралицата на Навара. Тој е роден како католик, но уште од рана возраст, мајка му го воспитувала како протестант. За време на масакрот против протестантите, Хенри едвај се спасил од убиството, глумејќи дека се преобразил во католицизмот.Во 1584 година, Хенри IV, станал прв во редот за францускиот престол. Тоа значело дека протестант ќе стане крал, што ги зголемило тензиите во Франција. По смртта на претходниот крал, Хенри од Навара, нé бил едногласно признат за нов крал. Како последица на тоа, Хенри влегол во војна со Католичката лига. Сепак, како дел од неговата стратегија за смирување, тој одлучил да премине во католицизам. Ова ја направило неговата кралска функција поприфатлива. Хенри, исто така, одиграл клучна улога и во издавањето на Едиктот Нант. Сепак, неговото оддалечување од протестантизмот и издавањето на Едиктот го направи омразен меѓу радикалните католици и протестанти, а во 1610 година, тој беше убиен од радикален католик.
Едиктот ОД Нант (1598) ги решил односите меѓу католиците и протестантите во Франција. Во претходните 36 години, Франција се соочила со серија граѓански војни. Овие војни наизменично се менуваале со договори со кои бил вопспоставен верски мир меѓу протестантите и католиците. Едиктот им обезбедил право на богослужба на протестантите, а и им доделил и разни утврдувања во Франција како заштита. Но, тој исто така ограничи и дел од нивните права на други начини. На пример, протестантите не можеле да се поклонуваат во Париз, на кралскиот двор или во војската. Едиктот на Нант остана во сила до 1685 година. Во таа година, кралот Луј XIV ги отповика правата на Хугенеоти во Франција. Перцепцијата за Едиктот на Нант е така поделена. И покрај тоа што успеа да стави крај на децениската војна, таа не ја рашири недовербата меѓу француските католици и протестантите. Згора на тоа, Хугеност се жалеше дека им дозволува на католиците да се здобијат со сила и да ги намалат правата на протестантите во следните децении.

Further information about the Edict of Nantes can be found at On Site, In Time.