Ла Рошел

Со Едиктот од Нант, на протестантите им биле доделени безбедносните места каде што можеле да бидат заштитени во случај на обновени тензии. Едно од најважните места, бил силно утврдениот град, Ла Рошел. Тој град бил центар на протестантските сили во Франција уште од средината на шеснаесеттиот век. Околу 1600 година, голем дел од жителите на градот биле протестанти. Неговата позиционираност на брегот на Атлантикот, го направила градот стратешки важен. Всушност, неговите силни утврдувања го заштитувале градот од напади од море и од копно. Поради ваквата позиција, Францускиот крал Луј XIII (1601-1643) и неговите советници ги сметале Ла Рошел и другите протестански упоришта како опасности за Француската монархија. По околу 20 години смирена тензија, кралот не бил задоволен од таквата состојба. Тој поставил опсада и го освоил градот, при што првичната рамнотежа на правата од Нантскиот едикт се распаднала.
Едиктот ОД Нант (1598) ги решил односите меѓу католиците и протестантите во Франција. Во претходните 36 години, Франција се соочила со серија граѓански војни. Овие војни наизменично се менуваале со договори со кои бил вопспоставен верски мир меѓу протестантите и католиците.Едиктот им обезбедил право на богослужба на протестантите, а и им доделил и разни утврдувања во Франција како заштита. Но, тој исто така ограничи и дел од нивните права на други начини. На пример, протестантите не можеле да се поклонуваат во Париз, на кралскиот двор или во војската. Едиктот на Нант остана во сила до 1685 година. Во таа година, кралот Луј XIV ги отповика правата на Хугенеоти во Франција. Перцепцијата за Едиктот на Нант е така поделена. И покрај тоа што успеа да стави крај на децениската војна, таа не ја рашири недовербата меѓу француските католици и протестантите. Згора на тоа, Хугеност се жалеше дека им дозволува на католиците да се здобијат со сила и да ги намалат правата на протестантите во следните децении.

Further information about the Edict of Nantes can be found at On Site, In Time.