Едиктот од Нант: Заштита на продавници и верски празници

Во раната модерна Европа, верските настани свечености го определувале ритамот на секојдневниот живот. Одбележувањето и празнувањето на Велигден, Успение и Педесетница/Духовден, биле важни моменти на верскиот календар. Протестантите и католиците споделија некои од овие празнични денови, но нé сите. Така, она што значело важен празничен ден за католиците, како на пример Успение за Марија, било само обичен ден за протестантите.Едиктот од Нант истакнал дека протестантите треба да ги земат во предвид ваквите свечености од католичкиот календар. На пример, тие не смееле да ги отворат своите продавници во вакви денови. Исто така, не им било дозволено да бидат видени како работат, иако можеа да работат во затворени куќи без да прават врева. Ова општо правило нé секогаш се применувало строго. На пример, во францускиот град Лудун околу 1611 година, протестантите отворено можеле да го игнорираат правилото. Лудон бил град со големо присуство на протестантите.
Едиктот ОД Нант (1598) ги решил односите меѓу католиците и протестантите во Франција. Во претходните 36 години, Франција се соочила со серија граѓански војни. Овие војни наизменично се менуваале со договори со кои бил вопспоставен верски мир меѓу протестантите и католиците. Едиктот им обезбедил право на богослужба на протестантите, а и им доделил и разни утврдувања во Франција како заштита. Но, тој исто така ограничи и дел од нивните права на други начини. На пример, протестантите не можеле да се поклонуваат во Париз, на кралскиот двор или во војската. Едиктот на Нант остана во сила до 1685 година. Во таа година, кралот Луј XIV ги отповика правата на Хугенеоти во Франција. Перцепцијата за Едиктот на Нант е така поделена. И покрај тоа што успеа да стави крај на децениската војна, таа не ја рашири недовербата меѓу француските католици и протестантите. Згора на тоа, Хугеност се жалеше дека им дозволува на католиците да се здобијат со сила и да ги намалат правата на протестантите во следните децении.

Further information about the Edict of Nantes can be found at On Site, In Time.