Говори на унгарскиот премиер, Виктор Орбан: изборите за Европскиот парламент во 2019 година

Виктор Орбан е унгарски политичар. Тој е премиер на Унгарија од 2010 година и е во неговиот трет последователен четиригодишен мандат. Следејќи ја својата дефиниција за „демократија“, тој не зборува често во парламентот, нути пак е достапен за прашања од страна на новинарите. Но, од друга страна тој често одржува говори во различни ситуации, кои неговиот тим ги објавува на неговата веб-страница. Во своите говори, тој повремено ги повторува своите политички ставови, опишувајќи ги различно како: конзервативни, популистички или националистички, а во последно време како „христијанско демократски“ и засновани на „христијанска слобода“.

„Како прво, оваа изборна победа е директива. Унгарците ни дадоа директива за три работи: пред сè, да ја запреме имиграцијата низ цела Европа, ни дадоа задача да ја браниме Европа на народите и ни дадода задача да ја браниме христијанската култура во Европа. И тие можат да бидат сигурни дека ние ќе ги сториме овие работи. Исто така, јасно беше посочено дека луѓето во Унгарија сметаат дека мора да има промени во Брисел. Потребни ни се лидери кои ги застапуваат интересите на народот во Европа, лидери кои ги почитуваат европските народи и лидери кои се горди на нашата двеилјадна христијанска култура. Дами и господа, драги пријатели, би сакал да појаснам дека во Брисел, за нас, Унгарија ќе биде на прво место и ќе работиме со сите што сакаат да ја запрат имиграцијата. Денес покажавме дека Унгарија е силна. Унгарија е силна затоа што Унгарците се обединети. Во наредните години зачувувањето на ова големо единство ќе биде од клучно значење и јас ви ветувам дека ќе сторам сé што можам за да го осигурам тоа “. Извадокот е дел од говорот на Виктор Орбан на 26 мај 2019 година, по изборите за Европскиот парламент во 2019 година. Во овој говор, тој користи реторика потсетувајќи на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп и борбата против имиграцијата ја поврзува со „христијанската култура“.

 

 

Извадокот е дел од говорот на Виктор Орбан на 26 мај 2019 година по изборите за Европскиот парламент во 2019 година, во кој тој користи реторика која потсетува на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, поврзувајќи ја борбата против имиграцијата со „христијанската култура“.

Како го толкувате ставот на  Орбан дека „Унгарците се обединети“, со оглед на фактот дека само половина од гласачкото тело гласале за неговата партија? Какво значење му дава тој на својот говор кога се повикува на т.н. „христијанска култура“?