Говори на унгарскиот премиер Виктор Орбан: Меѓународна конференција на колегиумот Матиас Корвинус, „Самит за миграција во Будимпешта“
Виктор Орбан е унгарски политичар. Тој е премиер на Унгарија од 2010 година и е во неговиот трет последователен четиригодишен мандат. Следејќи ја својата дефиниција за „демократија“, тој не зборува често во парламентот, нути пак е достапен за прашања од страна на новинарите. Но, од друга страна тој често одржува говори во различни ситуации, кои неговиот тим ги објавува на неговата веб-страница. Во своите говори, тој повремено ги повторува своите политички ставови, опишувајќи ги различно како: конзервативни, популистички или националистички, а во последно време како „христијанско демократски“ и засновани на „христијанска слобода“.
"Во врска со прашањето за миграцијата, Западна Европа и Централна Европа се јасно на две различни патеки. […] Она што се случи во во западноевропските земји во текот на изминатите неколку децении е фактот дека наспроти домородното население - со својата оригинална христијанска култура, се појави и значително малцинство со силен идентитет кое расте многу побрзо од „населението домаќин”. Односите на населението континуирано се развиваат и го префрлаат во неповолна положба домородното христијанско население, а во корист на новата заедница, која е фундаментално муслиманска. Затоа во Западна Европа денес, второто најважно прашање поврзано со миграцијата – веднаш по заштитата на границите – е како да се управуваат со последиците од она што веќе се случило, сега кога тие сé тука, како да ја менаџираме и управуваме нашата коегзистенција со нив. Дозволете ми да додадам дека интеграцијата има многу индикатори, но генерелано не ги сметам за вистински и не верувам во нив. Искуството на Унгарија е дека вистинската интеграција може да се мери само со еден показател/индикатор: мешаниот брак. Ако сме подготвени да се избереме едни со други како партнери, тогаш ќе се интегрираме едни со други. Ако не се избереме еден со друг, тогаш не сме интегрирани. Во оваа смисла постојат големи неинтегрирани заедници во Западна Европа“.
[Извадок, изменето за да се подобри читливоста]
Меѓународната конференција на која Орбан го одржа овој говор на 23 март 2019 година беше организирана во Будимпешта од институции блиски до унгарската влада. Многу од учесниците беа конзервативни политичари од целиот свет и министри на унгарската влада. Еден од интересните аспекти на говорот на Виктор Орбан е тоа што тој ги опишува имигрантите и луѓето родени во Европа како посебни верски заедници. Тој користи многу фрази кои се двосмислени или контроверзни како „популацијата домаќин“ или „домородното“ население. Може да се забележи дека тој изјавува дека Западна и Централна Европа се „на две различни патеки“, но подоцна тој зборува за Западот како „ние“.
Дали е Орбан во право кога изјавува дека имигрантите и домородните граѓани се поделени по религија? Какво е вашето размислување во однос на ставот дека интеграцијата се случува само преку брак? Кои форми на интеграција се најпознати за вас?