Говори на унгарскиот премиер Виктор Орбан: инаугурација на калвинистичката црква во Клапка

Виктор Орбан е унгарски политичар. Тој е премиер на Унгарија од 2010 година и е во неговиот трет последователен четиригодишен мандат. Следејќи ја својата дефиниција за „демократија“, тој не зборува често во парламентот, нути пак е достапен за прашања од страна на новинарите. Но, од друга страна тој често одржува говори во различни ситуации, кои неговиот тим ги објавува на неговата веб-страница. Во своите говори, тој повремено ги повторува своите политички ставови, опишувајќи ги различно како: конзервативни, популистички или националистички, а во последно време како „христијанско демократски“ и засновани на „христијанска слобода“.

„Денес има многумина кои го оспоруваат - или дури и го негираат и отфрлаат - испреплетувањето на христијанството со судбината на Европа. Ние, Унгарците веруваме дека христијанската култура не е само еден извор на сила меѓу многумина, туку е извор на сета сила. Таа е камен-темелникот кој ја поврзува структурата на европската цивилизација. Без неа нема слобода, а нема ниту европски живот.Две илјади години, секое големо обновување на Европа потекнува од христијанството: од едиктот на Константин, преку Реформацијата, до основањето на Европската унија - проект првично вкоренет во христијанството. Важно е да се потсетиме на ова - и особено важно денес“.

 

 

Цитираниот говор беше претставен на службата која се одржа на 7 април 2019 година во чест на новата црковна зграда финансирана од владата во Будимпешта, главниот град на Унгарија. Орбан се повикува на Едиктот за Константин, инаку познат како Едикт за Милано, кој го потпишал римскиот император Константин во 313 година од н.е.. Тој го означил крајот на прогонот на христијаните во Римската империја, им дал на христијаните правен статус и се смета за чин на толеранција.

Дали начинот на кој Орбан зборува за христијанството е во согласност со идејата за толеранција? Дали е вистина дека било која обнова во Европа е нужно поврзана со христијанската религија?