Говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан на благородната миса по повод повторното осветување на црквата Свети Ѓорѓи по нејзиното реновирање
„Имам драг пријател, кој секогаш ме предупредува да не користам воени термини во говорите на црковните настани. И иако најмногу се обидувам да го послушам тој совет, сепак не можам да одолеам да кажам колку сте среќни што секој ден сте под заштита на Свети Ѓорѓи, легендарниот војнички светец. Неговиот живот најјасно ни покажува дека ако животот го бара тоа, ние мора храбро да се залагаме за вистината, за она што е добро, и воопшто за секоја важна вредност која ни е доверена. Набудувајќи го неговиот пример, јасно гледаме дека ние христијаните - а особено оние од нас кои Бог ги создадал како Унгарци - мора секогаш кога е потребно да бидеме подготвени да ја браниме нашата вера, нашата земја или нашето семејство.Денес, двојно повеќе деца учат во црковните училишта отколку пред десет години, а црквите често прават повеќе за да се грижат за стари лица и да ги зајакнат заедниците, отколку што може да се очекува од нив. Но, барем толку важно колку и ова е и духовната борба која ја водиме денес во Европа против имиграцијата “.
Во овој говор, одржан на 17 мај 2019 година во Накитка, Орбан ги поврзува милитаризмот, христијанската вера и антиимигрантската реторика. Притоа, борбата против имиграцијата станува „духовна борба“ во неговиот говор.
Виктор Орбан е унгарски политичар. Тој е премиер на Унгарија од 2010 година и е во неговиот трет последователен четиригодишен мандат. Следејќи ја својата дефиниција за „демократија“, тој не зборува често во парламентот, нути пак е достапен за прашања од страна на новинарите. Но, од друга страна тој често одржува говори во различни ситуации, кои неговиот тим ги објавува на неговата веб-страница. Во своите говори, тој повремено ги повторува своите политички ставови, опишувајќи ги различно како: конзервативни, популистички или националистички, а во последно време како „христијанско демократски“ и засновани на „христијанска слобода“.
Како ја толкувате изјавата на Орбан дека справувањето со имиграцијата во Европа треба да постане прашање на т.н.„ духовна борба”? Како се постигнува подготвеноста за водење т.н. „ духовна борба”?