Европска конвенција за човекови права: дефиниција на „религија

Членот 9 од Европската конвенција за човекови права не го дефинира зборот „религија”. Флексибилноста на овој термин, како што прикажува водичот на ЕКЧП за членот 9, е сосема „логична“. Од една страна, дефиницијата за терминот „религија“ содржана во оваа статија треба да се однесува на сите религиозни уверувања и гледишта во светот. Од друга страна, тој (терминот религија) треба да биде применлив и за специфични и индивидуални случаи. Со други зборови, терминот е „флексибилен” затоа што мора да ги заштити и „религиозните и нерелигиозните мислења и верувања“.Сепак, не сите лични и колективни верувања спаѓаат во категоријата „религија“, на членот 9. Всушност, за да бидат заштитени како право на „слобода на мисла, совест и религија“, тие мора „да достигнат одредено ниво на сила, сериозност, кохезија и важност“. Покрај тоа, Судот исто така појаснува и дека „слободата на мислата, совеста и религијата е скапоцено богатство на атеистите, агностиците, скептиците и рамнодушните“.
Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), е конвенција која ги штити човековите права и политичките слободи во Европа. Покрај Конвенцијата, други значајни документи кои се посветени на овие прашања, се: документите за човекови права на ООН и двата пакта/декларации за човекои права (1966). Европската конвенција за човекови права е потпишанаа на 4 ноември 1950 година, а стапува на сила на 3-ти септември 1953 година. Таа беше подготвена од Советот на Европа, меѓународна организација формирана во мај 1949 година, првенствено основана за заштита на човековите права на европскиот континент. Една од првите задачи на Советот на Европа била да се создаде програма за заштита на човековите права. Во таа насока, Советот на Европа со усвојувањето Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи, имал за цел да ја претстави Западна Европа како регион со важна и стабилна меѓународна организација за заштита на човекови права, посебно во контекст на поделбите продуцирани како резултат на Втората светска војна. Со цел да се осигури дека договорните страни ќе ги почитуваат своите обврски што произлегуваат од Европската конвенција за човековите права, во 1959 година во Стразбур, Франција, основан е Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП). Судот осигурува дека државите ги почитуваат своите обврски во согласност со Конвенцијата преку разгледување жалби на поединци, на групи на поединци, на невладини организации и на правни лица, поврзани со наводна повреда на Конвенцијата.