Европската конвенција за човекови права: брак и развод

Според водичот на Европскиот суд за човекови права за член 9 од Европската конвенција за човекови права, овој член не е наменет да го регулира бракот во религиозна смисла. Покрај тоа, прашањето за карактеристиките на бракот, е зависно на посебен начин од секоја религија поединечно, т.е. секоја религија има свое специфично толкување на бракот. Покрај тоа, членот 9 не гарантира право на развод.
Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), е конвенција која ги штити човековите права и политичките слободи во Европа. Покрај Конвенцијата, други значајни документи кои се посветени на овие прашања, се: документите за човекови права на ООН и двата пакта/декларации за човекои права (1966).Европската конвенција за човекови права е потпишанаа на 4 ноември 1950 година, а стапува на сила на 3-ти септември 1953 година. Таа беше подготвена од Советот на Европа, меѓународна организација формирана во мај 1949 година, првенствено основана за заштита на човековите права на европскиот континент. Една од првите задачи на Советот на Европа била да се создаде програма за заштита на човековите права. Во таа насока, Советот на Европа со усвојувањето Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи, имал за цел да ја претстави Западна Европа како регион со важна и стабилна меѓународна организација за заштита на човекови права, посебно во контекст на поделбите продуцирани како резултат на Втората светска војна. Со цел да се осигури дека договорните страни ќе ги почитуваат своите обврски што произлегуваат од Европската конвенција за човековите права, во 1959 година во Стразбур, Франција, основан е Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП). Судот осигурува дека државите ги почитуваат своите обврски во согласност со Конвенцијата преку разгледување жалби на поединци, на групи на поединци, на невладини организации и на правни лица, поврзани со наводна повреда на Конвенцијата.