Европската конвенција за човекови права: право за „манифестирање“ на верувања

Членот 9 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи содржи јасна разлика помеѓу „имање“ и „пројавување“ на верска припадност. Затоа, правото да се има кое било верување е апсолутно и безусловно, додека правото да се манифестираат своите верувања, нé е апсолутно. Бидејќи манифестирањето на нечии верувања, индивидуално или во јавност, може да има влијание врз другите, посебните национални закони различно го третираат ова прашање.Еден од најинтересните спорови на оваа тема е случајот со Евеида против Обединетото Кралство од 2013 година. Во 2006 година, Евеида, христијанка вработена во „Бритиш Ервејс“, била замолена од компанијата да го покрие нејзиниот ѓердан со крст. Евеида ја тужела авиокомпанијата за верска дискриминација и го загубила случајот пред британскиот суд, кој го отфрлил случајот со образложение дека таа „без причина” ги прекршила прописите на компанијата. Сепак, Европскиот суд за човекови права, исто така одлучувал за спорот на Евеида. Имено, Британската влада била прогласена за виновна затоа што не го заштитила правото на изразување на својата религија, што претставува кршење на членот 9 од ЕКЧП. Со други зборови, токму Европската конвенција за човекови права, била пресудна за толкувањето дека компанијата „не постигнала вистинска рамнотежа помеѓу верските верувања на Евеида и желбата на компанијата да има специфичен корпоративен имиџ“.
Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), е конвенција која ги штити човековите права и политичките слободи во Европа. Покрај Конвенцијата, други значајни документи кои се посветени на овие прашања, се: документите за човекови права на ООН и двата пакта/декларации за човекои права (1966). Европската конвенција за човекови права е потпишанаа на 4 ноември 1950 година, а стапува на сила на 3-ти септември 1953 година. Таа беше подготвена од Советот на Европа, меѓународна организација формирана во мај 1949 година, првенствено основана за заштита на човековите права на европскиот континент. Една од првите задачи на Советот на Европа била да се создаде програма за заштита на човековите права. Во таа насока, Советот на Европа со усвојувањето Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи, имал за цел да ја претстави Западна Европа како регион со важна и стабилна меѓународна организација за заштита на човекови права, посебно во контекст на поделбите продуцирани како резултат на Втората светска војна. Со цел да се осигури дека договорните страни ќе ги почитуваат своите обврски што произлегуваат од Европската конвенција за човековите права, во 1959 година во Стразбур, Франција, основан е Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП). Судот осигурува дека државите ги почитуваат своите обврски во согласност со Конвенцијата преку разгледување жалби на поединци, на групи на поединци, на невладини организации и на правни лица, поврзани со наводна повреда на Конвенцијата.