толеранција кон верските малцинства
Политичката толеранција кон верските малцинства во Отоманската империја, се развивала долготрајно, т.е. од еден во друг историски период. Овие промени обично биле предизвикани од промените на владетелите на империјата, но понекогаш тие сé случувале и за време на владеењето на еден султан.
Отоманскиот историчар, Елија Капсали, роден на островот Крит на крајот на 15 век, одлично ја илустрира еволуцијата на политиката кон верските малцинства. Капсали го опишува случајот на Бајезит Втори, кој владеел како султан од 1481 до 1512 година и на неговиот син Селим Први, кој го наследил својот татко на престолот и владеел од 1512 до 1520 година. Бајазит Втори, ги отворил вратите на Империјата за преселување на сефардските Евреи по нивното протерување од Шпанија, но не им дозволи да изградат и отворат нови синагоги низ империјата. Според зборовите на Капсали, токму синот на Бајазит II, Селим Први, „три дена откако седнал како султан“, дал наредба и им дозволил на Евреите да отвораат синагоги.
Во принцип, релативно тешко било од отоманските власти да се добие дозвола за основање на неисламски верски објекти. Религиозните малцинства во Отоманската империја, честопати морале да докажуваат дека станува збор за стар верски објект кој е претхоно уништен или срушен за да можат да добијат дозвола за отворање на нов верски објект.
Отоманската империја имала сложена структура на управување која се развивала во текот на многуте векови од нејзината империјална историја (од XIV до XX век). „Шеф” на империјата бил султанот. Султаните можеле да издаваат кралски уредби, познати како фермани, кои имале непосреден правен ефект. Зборот "firman", т.е. ферман (мк) потекнува од персискиот јазик и значи декрет или наредба. Ферманите на султаните имале дејство во повеќе законодавни нивоа, од највисоко, уставно, до попрактично, локално ниво - како што било давањето дозволи за патување низ империјата.
Зошто Османлиите ги пречекале Евреите во Империјата? Зошто Османлиите (не) би дозволиле Евреите да основаат синагоги во империјата?