Еврејските населби во Отоманската империја
По декретот на Алхамбра (март 1492 година) и егзилот/протерувањето на сефардските Евреи од Иберскиот Полуостров, султанот Бајзит Втори (1447-1512) ја искористил можноста да ја „пресели” прогонетата заедница. Сефардските миграции од Шпанија во Отоманската империја биле долг и посебен процес. По протерувањето, Бајазит Втори, ја испратил Отоманската морнарица, командувана од познатиот адмирал, Кемал Реис, во шпанските земји и го олеснил пресулувањето. Покрај тоа, тој издал ферман или кралски декрет до сите гувернери на европските провинции, наредувајќи пријателски прием на еврејските бегалци. Сефардските Евреи продолжиле да го населуваат Отоманското Царство во текот на наредните два века. Меѓутоа, некои од шпанските Евреи се преобратиле или биле принудени да се преобратат во христијанство, живеејќи во шпанските земји пред и по декретот на Алхамбра. Оние кои тајно продолжиле да го практикуваат јудаизмот, беа наречени Марано или Анусими.Одговорот од Солун од крајот на 16 век, еден вид рабински текст кој често го документира еврејското секојдневие, опишува интересен случај на сефардска миграција од тој период. Тројца браќа Анусими, Рубен, Шимон и Леви, ја напуштиле Португалија за да најдат место „каде можат да бидат Евреи и да ги практикуваат законите на божествената Тора“. Семејствата на Шимон и Рубен се преселиле во градот Монастир (Битола), денешна Северна Македонија, додека Леви останал во Западна Европа или денешна Франција.
Отоманската империја имала сложена структура на управување која се развивала во текот на многуте векови од нејзината империјална историја (од XIV до XX век). „Шеф” на империјата бил султанот. Султаните можеле да издаваат кралски уредби, познати како фермани, кои имале непосреден правен ефект. Зборот "firman", т.е. ферман (мк) потекнува од персискиот јазик и значи декрет или наредба. Ферманите на султаните имале дејство во повеќе законодавни нивоа, од највисоко, уставно, до попрактично, локално ниво - како што било давањето дозволи за патување низ империјата.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Еврејските населби во Отоманската империја
content

Context
Отоманската империја имала сложена структура на управување која се развивала во текот на многуте векови од нејзината империјална историја (од XIV до XX век). „Шеф” на империјата бил султанот. Султаните можеле да издаваат кралски уредби, познати како фермани, кои имале непосреден правен ефект. Зборот "firman", т.е. ферман (мк) потекнува од персискиот јазик и значи декрет или наредба. Ферманите на султаните имале дејство во повеќе законодавни нивоа, од највисоко, уставно, до попрактично, локално ниво - како што било давањето дозволи за патување низ империјата.
Questions
Можете ли да се сетите на друга миграција предизвикана од религиозни прашања? Дали сте гледале филм поврзан со оваа тема?
Temporal Coverage
16 ви век
Spatial Coverage
Европа, Грција
map
40.65 / 22.9
Relation
Subject
Is Referenced By
translation of
Ženi Lebl, Plima i slom [Tide and wreck] (Skopje: Fond na Holokaustot na Evreite od Makedonija, 2013).
Audience
Yes
Creator
Naum Trajanovski