Историска интерпретација на човековите права и основни слободи во Отоманската империја
Во октомври 2003 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, била организирана конференција од повеќе босански муслимански научници. Целта на конференцијата била да се истражат придобивките и доблестите од отоманското владеење во Босна. Поконкретно, настанот ја нагласил „културата на човекови права и основните слободи“, како што се рефлектира во Отоманскиот декрет, издаден во 1463 година од султанот Мехмед Фатих, за босанските Францискани. Франциџканите се религиозен поредок во Католичката црква, основан на почетокот на 13 век од Свети Францис од Асишки. Историчарот, Един Хајдарпашиќ, тврди дека овој документ јасно покажува дека: „султанот, заради неговите добри услуги и милости, забранил злоупотреба на францисканскиот ред во Босна“. Сепак, на конференцијата биле истакнати различни толкувања на овој документ. Тој, бил опишан како „најстариот документ за почитување на човековите права и слободи во историјата, 326 години пред Француската револуција“. Хајдарпашиќ, истакнува дека ваквите толкувања придонесуваат за општата слика за отоманскиот период како „славен и инспиративен период “ во историјата на босанските муслимани. Сепак, предизвикот за врамување на отоманското минато во новите балкански историографии останува отворен за разни толкувања.
Отоманската империја имала сложена структура на управување која се развивала во текот на многуте векови од нејзината империјална историја (од XIV до XX век). „Шеф” на империјата бил султанот. Султаните можеле да издаваат кралски уредби, познати како фермани, кои имале непосреден правен ефект. Зборот "firman", т.е. ферман (мк) потекнува од персискиот јазик и значи декрет или наредба. Ферманите на султаните имале дејство во повеќе законодавни нивоа, од највисоко, уставно, до попрактично, локално ниво - како што било давањето дозволи за патување низ империјата.
Можете ли да помислите на друг пример од историјата каде што јавната дебата имаше спротивставени гледишта за значајно прашање од тоа време?
За повеќе информации за овој и други мировни договори, видете