секојдневни обувки во Отоманската ера
Во 2003 година, музејот Град Скопје ја организира изложбата „Патека на феникс“. Изложбата го прикажува секојдневниот живот на македонската еврејска заедница низ вековите. Облеката се појавува како интересна точка во дискусијата за заедничките знаци и обележја на идентификација на заедницата во Отоманската ера. На изложбата, прикажани се и сет на султански декрети со кои се спречувало немуслиманското население на Отоманската империја да носи иста или слична облека како доминантното муслиманско население. На пример, унгарската историчарка, Маријана Бирнбаум, пишува дека османлиските муслимани, главно носеле жолти кожени чевли. „Затоа, немуслиманското население не требало да носи жолти чевли. Наместо тоа, христијаните и Евреите носеле црни или темни чевли. Исто така, на немуслиманите им било забрането да носат „нежни ткаенини или скапи крзна, како хермелин или самур, а наместо тоа, носеле помали турбани направени од помалку ткаенини од муслиманите“. Меѓутоа, во османлиската ера, имало и разлики во облеката и помеѓу христијаните и Евреите. Облеката, генерално се перцепирала како средство за изразување на идентитетот на заедницата, но без притоа таа да изгледа полуксузно од облеката на муслиманското население.
Отоманската империја имала сложена структура на управување која се развивала во текот на многуте векови од нејзината империјална историја (од XIV до XX век). „Шеф” на империјата бил султанот. Султаните можеле да издаваат кралски уредби, познати како фермани, кои имале непосреден правен ефект. Зборот "firman", т.е. ферман (мк) потекнува од персискиот јазик и значи декрет или наредба. Ферманите на султаните имале дејство во повеќе законодавни нивоа, од највисоко, уставно, до попрактично, локално ниво - како што било давањето дозволи за патување низ империјата.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
секојдневни обувки во Отоманската ера
content

Context
Отоманската империја имала сложена структура на управување која се развивала во текот на многуте векови од нејзината империјална историја (од XIV до XX век). „Шеф” на империјата бил султанот. Султаните можеле да издаваат кралски уредби, познати како фермани, кои имале непосреден правен ефект. Зборот "firman", т.е. ферман (мк) потекнува од персискиот јазик и значи декрет или наредба. Ферманите на султаните имале дејство во повеќе законодавни нивоа, од највисоко, уставно, до попрактично, локално ниво - како што било давањето дозволи за патување низ империјата.
Questions
Што значат овие облеки за оние кои ги носеле? Дали тие имаат друга симболика?
Temporal Coverage
13 ви век
Date
2003
Spatial Coverage
Европа, Северна Македонија
map
42 / 21.433333
Relation
Subject
Is Referenced By
transcript of
Marianna D. Birnbaum, The Long Journey of Gracia Mendes (Budapest/New York: Central European University Press, 2003).
Audience
Yes
Creator
Naum Trajanovski