Конференција на Топкапи Декларација на муслиманите на Европа, Истанбул во јули 2006 година

"Присуството на исламот во Европа не е нов феномен, напротив, неговото присуство го карактеризира долго историско и културно богатство. Неговата интеракција со европското општество, иницираше процут во развојот на филозофијата и спознанието. Долг период или речиси стотици години, голем број муслимани имале постојано живеалиште на Балканот, Источна и Централна Европа [вклучително и во Западна Европа]. Муслиманите одиграа важна улога во трансферот и развојот на знаењето, надвор, но и во самата Европа. Последователно, тие помогнаа во обновата на економиите на воениот континент во 1950-тите, пристигнувајќи како имигранти кои бараат работа и кои се населуваа за да ја направат Европа своја земја. Речиси, во секое поле од животот, муслиманите биле составен дел на европскиот дом. Европските муслимани, денес се дома во Европа".

Нападите на 11 септември врз САД во 2001 година го означија почетокот на меѓународната „Војна против теророт“, што резултираше со инвазиите во Авганистан (2002) и Ирак (2003). Тие иницираа голема ескалација на сектаријанизмот и екстремизмот. Таканаречаната Аман порака, беше еден од првите обиди за спречување на овој конфликт. Иницирана во Јордан во 2004 година, таа се обиде да воспостави дијалог на релација ислам-запад и да стави крај на исламофобија и на исламскиот тероризам. Аман пораката стана широк исламски договор потврдувајќи дека мирот, правдата и меѓусебната одговорност ширум целото човештво, се основни вредности во исламот. Таа беше потврдена и одобрена од 552 истакнати муслимани од 84 земји, достигнувајќи на тој начин, најширок исламски консензус во модерното време. Овој клипинг произлегува од првата точка на Конференцијата за т.н.

 

Топкапи Декларација за муслиманите на Европа, одржана во Истанбул во јули 2006 година под наслов „Идентитет, граѓанство, предизвици и можности“. Во фокусот на конференција беше Аман пораката и оттука и правата и должностите на европските муслимани како граѓани. Оваа прва точка на Декларацијата го потенцира фактот дека исламот и муслиманите се дел од европската историја и идентитет. Постојат толку многу примери кои сведочат за ваквиот став, како на пример деловите поврзани со појавата и развојот на разни занаети и уметности, инаку собрани и изложени во европските музеи.

 

Топкпаи декларацијата, го осуди тероризмот во сите форми. Паралелно со тоа, ги повика и европските влади да промовираат инклузивност, дијалог и адекватни социо-економски мерки. Исто така и меѓународната заедницабеше повикана сериозно да продолжи со активностите и напорите за отстранувањето на неправдите кои честопати предизвикуваат очај и безнадежност.

Дали има повеќе од една култура во вашата земја? Како би можеле да го дефинирате европскиот идентитет според вашето искуство?