Толеранција и слобода на совест заштитени со националното законодавство

“Такфир” е практика со која друг муслиман се прогласува за отпадник, што во крајна линија може да иницира граѓански судири. Тунис е една од двете арапски земји кои забрануваат такфир, или како што е утврдено во член 6 од Уставот на Тунис од 2014 година:‘Државата е чувар на религијата. Таа гарантира слобода на совест и вера, слободно практикување на религиозни активности и неутралност на џамиите и местата за богослужба од секаква пристрасна употреба. Државата е посветена да ги шири вредностите на умереност и толеранција, да го заштити светото и да забрани нивно кршење. Таа е посветена подеднакво да ги забрани и да се бори како против повиците за отпадништво така и поттикнување насилство и омраза “.
Нападите на 11 септември врз САД во 2001 година го означија почетокот на меѓународната „Војна против теророт“, што резултираше со инвазиите во Авганистан (2002) и Ирак (2003). Тие иницираа голема ескалација на сектаријанизмот и екстремизмот. Таканаречаната Аман порака, беше еден од првите обиди за спречување на овој конфликт. Иницирана во Јордан во 2004 година, таа се обиде да воспостави дијалог на релација ислам-запад и да стави крај на исламофобија и на исламскиот тероризам. Аман пораката стана широк исламски договор потврдувајќи дека мирот, правдата и меѓусебната одговорност ширум целото човештво, се основни вредности во исламот. Таа беше потврдена и одобрена од 552 истакнати муслимани од 84 земји, достигнувајќи на тој начин, најширок исламски консензус во модерното време. Аман пораката повикува на забрана за такфир, како на национално, така и на меѓународно ниво. До сега, постојат само две арапски земји кои експлицитно забрануваат такфир. Едната е Обединетите Арапски Емирати, а другата, Тунис, како што е и прикажано во овој клипинг. Во случајот со Тунис, ова достигнување е резултат на преговорите меѓу двете опозициски сили за време на политичкиот процес кој следуваше по револуцијата во 2011 година, т.е. по граѓанското востание кое ја собори поранешната авторитарна влада во Тунис. Националните движења, заедно со широкиот граѓански и политички консензус, иако несовршени, би можеле да бидат поефикасни во постигнувањето на големи промени во националните законодавства отколку транснационалните иницијативи за кои е карактеристичен т.н. „пристап од горе кон долу”, каква што е и Аман пораката.