Видео промоција на Пораката од Аман
Нападите на 11 септември врз САД во 2001 година го означија почетокот на меѓународната „Војна против теророт“, што резултираше со инвазиите во Авганистан (2002) и Ирак (2003). Тие иницираа голема ескалација на сектаријанизмот и екстремизмот. Таканаречаната Аман порака, беше еден од првите обиди за спречување на овој конфликт. Иницирана во Јордан во 2004 година, таа се обиде да воспостави дијалог на релација ислам-запад и да стави крај на исламофобија и на исламскиот тероризам. Аман пораката стана широк исламски договор потврдувајќи дека мирот, правдата и меѓусебната одговорност ширум целото човештво, се основни вредности во исламот. Таа беше потврдена и одобрена од 552 истакнати муслимани од 84 земји, достигнувајќи на тој начин, најширок исламски консензус во модерното време. Овој краток видео клип е креиран за промоција на проектот за пораките од Аман (Промоција АМП), започнат во 2012 година под водство на Кралскиот институт за меѓуверски студии (RIIFES) на Јордан и со поддршка и финансирање од ЕУ. Овој проект на ЕУ-Јордан имаше за цел да ја промовира пораката од Аман, како на Блискиот исток, така и во Европа. Според каналот PromotionAMP YouTube, ова видео „ги истакнува целните групи во Пораката од Аман“.
Можете ли да ги идентификувате целните групи прикажани во овој видео клип?
