Радикализам во „леќата” на т.н. Аман порака

Аман пораката, проследена со најразличните изјави на конференцијата, укажуваат и ја истакнуваат потребата за фокусирање на причините за насилство и екстремизам, како што се: надминување на сиромаштијата, надминување на сиромаштијата и недостатокот на меѓународна правда, развој на демократските права и слободи. Оваа идеја ја споделуваат и немуслиманите, како арапските христијани кои јавно ја поддржаа Аман пораката. Во книгата уредена и издадена од Јорданскиот кралски институт за меѓуверски студии во 2014 година, христијанскиот свештеник Агабиус Кафури изјавува дека: ‘Екстремизмот е реакција на друг вид екстремизам кој претходно веќе постои. Оттука, неговиот третман започнува со фокусирање кон причините кои го иницирале тоа. Во спротивно, сите безбедносни мерки и активности ќе имаат ограничено влијание во борбата против овој феномен. Таквиот пристап, може само да продуцира т.н. „додавање нафта во пожарот”.
Нападите на 11 септември врз САД во 2001 година го означија почетокот на меѓународната „Војна против теророт“, што резултираше со инвазиите во Авганистан (2002) и Ирак (2003). Тие иницираа голема ескалација на сектаријанизмот и екстремизмот. Таканаречаната Аман порака, беше еден од првите обиди за спречување на овој конфликт. Иницирана во Јордан во 2004 година, таа се обиде да воспостави дијалог на релација ислам-запад и да стави крај на исламофобија и на исламскиот тероризам. Аман пораката стана широк исламски договор потврдувајќи дека мирот, правдата и меѓусебната одговорност ширум целото човештво, се основни вредности во исламот. Таа беше потврдена и одобрена од 552 истакнати муслимани од 84 земји, достигнувајќи на тој начин, најширок исламски консензус во модерното време. Овој клипинг е дел од еден од неколкуте трудови произлезени од суштината и содржината на Аман порака. Овие трудови ги осудуваат терористичките акти, но во исто време критички се осврнуваат и кон употребата на термини како „радикализам“ и „тероризам“ и вниманието го насочуваат кон самите причини кои иницираа појава на таков вид насилство.