Музејот Лувр и секуларен натпис

Постои тековна дискусија меѓу кураторите на музеите за тоа што навистина може да се смета за исламска уметност. Дали секој предмет направен во муслиманска земја по дефиниција претставува исламска уметност? Или пак, дали предметот треба да биде со религиско значење и функција? Ова се важни прашања, затоа што нè тераат да размислуваме што всушност подразбираме кога ќе кажеме „ислам“. Некои муслимани се многу вознемирени кога ги посетуваат музеите и ги гледаат колекциите на исламот, чувствувајќи дека постои многу генерализирана слика за исламската уметност и култури. Исто така, малку се нагласува она што е религиозна уметност и следствено на тоа, она што не е религиозна уметност. Секуларната уметност во овој контекст значи уметност без религиозно значење. Оваа чинија во Лувр е пример за секуларна уметност. На чинијата има натпис на поема на арапски букви. Самата песна нема религиозно значење, но претставува одраз на уметничкиот вкус, благодарност за литературата и љубовта. Интересно е тоа што иако оваа ставка, т.е. прмерок, нема религиозно значење, таа е дел од колекциите на исламот во Лувр.
Некои куратори на музеите се многу критични во врска со ова прашање и веруваат дека само исламските предмети треба да се категоризираат како исламска уметност во музеите. Тие тврдат дека музеите сè уште се многу конзервативни за исламот. Уметноста направена во исламскиот свет е исламска уметност затоа што не може да има друг начин да се класифицира оваа уметност. Ова создава социјална меморија за исламската уметност како нешто што е многу различно од европската уметност и нешто што категорично се одвојува од европската уметност. Единствената категорија што уметноста ја произведува во исламскиот свет, му припаѓа на исламот (види Shaw 2012).

Дали секој предмет направен во исламска земја по дефиниција е исламска уметност? Или предметот треба да биде направен со религиозно значење и функција?