Овој клипинг ја разгледува клаузулата на Религискиот мир (Religioensvrede) која се однесува на миграцијата.Верскиот прогон во Ниските земји доведе до зголемена миграција во текот на шеснаесеттиот век. Тврдокорните протестанти кои се плашеле за својот живот, избегале во градови во Германија и Англија, каде што можеле слободно да ја практикуваат својата вера. Кога некои провинции и градови во Ниските земји беа преземени од протестантите, многу од протестантските бегалци се вратиле назад. За возврат, католиците почнале да бегаат од овие места. Подготвувачите на Религискиот мир (Religioensvrede) ја зедоа предвид оваа мобилност во договорот. Третиот член од Религискиот мир, наложил католицизмот повторно да се воспостави на места каде што беше напуштен, но само во ситуација кога тоа ќе биде побнарано од најмалку 100 луѓе кои живееле постојано во текот на една година на тоа место. Четвртиот член дозволи воспоставување протестантизам насекаде. За реализација на овој член, исто така била предвидена примената на правилото за 100 постојани жители.
Религискиот мир (1578), беше договор за да се овозможи заеднички живот на католиците и протестантите во т.н. ниски„ земји”. Ниските земји беа регион кој приближно ги опфаќал денешните Белгија и Холандија. Во периодот пред 1578 година, владата на Ниските земји го дозволила само католицизам и ги гонела протестантите. Од друга страна, во регионите кои ги презеле протестантите, католиците исто така биле лошо и насилно третирани. Армијата на Шпанија ја поддржуваше католичката влада на Ниските земји. Војниците на армијата се бореле против протестантите, но исто така малтретирале и многу католици. Умерените католици и протестанти од Ниските земји склучиле мир меѓу себе и се здружиле во спротивставувањето кон шпанската армија. За да го одржат тој мир, тие развиле збир на правила, обврски и забрани, кои биле насочени олеснување на заедничкиот живот на католиците и протестантите. Овие различни мерки беа наведени во Религискиот мир 1578.

Дополнителни информации за Religioensvrede и Амстердам може да се најдат на On Site, In Time.