Религискиот мир (Religioensvrede) и прашањето за бракот

Браковите честопати се регулирани и од граѓанска и од религиозна перспектива. Во Религискиот мир (Religioensvrede), четиринаесеттиот член ги предвидува правилата за брак. Во него се наведува дека претходните католички правила треба да се одржуваат за целата Ниска земја. Протестантите, исто така морале да ги почитуваат тие правила. Со правилата главно се поставени прифатливите нивоа на припадност меѓу партнерите. Но, правилата во Религискиот мир не се однесуваат на прашања за бракови меѓу католиците и протестантите.Во Ниските земји, особено на северот, не била исклучена можноста за бракови меѓу луѓе од различни религии. Во текот на седумнаесеттиот век, не биле наметнати државни прописи за бракот. Кога еден католик и протестант сакале да се венчаат, тие морале самите да направат договор. Свештениците, пасторите или проповедниците, како и членовите на семејството, честопати влијаеле врз нив. Но, законите не предвидувале готови и веќе поставени правила за справување со таквата ситуација. Оттука, возможни биле неколку сценарија. Сопругите или сопрузите би можеле да се преобратат во другата вера, или пак секој да ја задржи својата првобитна вера. Во мешаните бракови, важната тема била верата во која треба да се воспистуваат децата. Како по правило, католичките свештеници го осветуваат мешаниот брак само кога парот ќе вети дека ќе ги воспитува своите деца како католици. Меѓутоа, во пракса тоа не било секогаш така. На пример, некои мешани парови во регионот на Фрисланд го едуцирале своето прво дете како католик, а второто како реформатор и продолжувале така наизменично со следниве деца.
Религискиот мир (1578), беше договор за да се овозможи заеднички живот на католиците и протестантите во т.н. ниски„ земји”. Ниските земји беа регион кој приближно ги опфаќал денешните Белгија и Холандија. Во периодот пред 1578 година, владата на Ниските земји го дозволила само католицизам и ги гонела протестантите. Од друга страна, во регионите кои ги презеле протестантите, католиците исто така биле лошо и насилно третирани. Армијата на Шпанија ја поддржуваше католичката влада на Ниските земји. Војниците на армијата се бореле против протестантите, но исто така малтретирале и многу католици. Умерените католици и протестанти од Ниските земји склучиле мир меѓу себе и се здружиле во спротивставувањето кон шпанската армија. За да го одржат тој мир, тие развиле збир на правила, обврски и забрани, кои биле насочени олеснување на заедничкиот живот на католиците и протестантите. Овие различни мерки беа наведени во Религискиот мир 1578.

Further information about the Religioensvrede and Amsterdam can be found at On Site, In Time.