Религискиот мир (The Religioensvrede) и пеењето
Единаесеттиот член на Религискиот мир (Religioensvrede), забранува пеење на провокативни и навредливи песни. Заедничкото пеење беше важен дел од реформираната религиозна практика, но ги иритираше католиците. На пример, на Божиќ 1562 година, католичката градската управа на Антверпен се обидела да разбие група протестанти кои заедно пееле. Песните, исто така, честопати се користеле за критикување на групити настани. Особено политичките личности и верските водачи, биле исмејувани во песните. Властите остро реагираа против тоа. Во 1566 година, двајца мажи биле протерани од Антверпен затоа што пееле провокативни песни. Кога бунтот ескалирал во војна, бунтовниците пееле критички песни за католицизмот и шпанскиот крал. Овие песни беа испечатени во популарни книги за песни, како што е книгата Геузенлид (Geuzenliedboek).
Религискиот мир (1578), беше договор за да се овозможи заеднички живот на католиците и протестантите во т.н. ниски„ земји”. Ниските земји беа регион кој приближно ги опфаќал денешните Белгија и Холандија. Во периодот пред 1578 година, владата на Ниските земји го дозволила само католицизам и ги гонела протестантите. Од друга страна, во регионите кои ги презеле протестантите, католиците исто така биле лошо и насилно третирани.Армијата на Шпанија ја поддржуваше католичката влада на Ниските земји. Војниците на армијата се бореле против протестантите, но исто така малтретирале и многу католици. Умерените католици и протестанти од Ниските земји склучиле мир меѓу себе и се здружиле во спротивставувањето кон шпанската армија. За да го одржат тој мир, тие развиле збир на правила, обврски и забрани, кои биле насочени олеснување на заедничкиот живот на католиците и протестантите. Овие различни мерки беа наведени во Религискиот мир 1578.
Further information about the Religioensvrede and Amsterdam can be found at On Site, In Time.
For more information on this and other peace treaties, see
Title
Религискиот мир (The Religioensvrede) и пеењето
content
Единаесеттиот член на Религискиот мир (Religioensvrede), забранува пеење на провокативни и навредливи песни. Заедничкото пеење беше важен дел од реформираната религиозна практика, но ги иритираше католиците. На пример, на Божиќ 1562 година, католичката градската управа на Антверпен се обидела да разбие група протестанти кои заедно пееле. Песните, исто така, честопати се користеле за критикување на групити настани. Особено политичките личности и верските водачи, биле исмејувани во песните. Властите остро реагираа против тоа. Во 1566 година, двајца мажи биле протерани од Антверпен затоа што пееле провокативни песни. Кога бунтот ескалирал во војна, бунтовниците пееле критички песни за католицизмот и шпанскиот крал. Овие песни беа испечатени во популарни книги за песни, како што е книгата Геузенлид (Geuzenliedboek).
Context
Religioensvrede (1578) беше договор за да се овозможи заеднички живот на католиците и протестантите во Ниските Земји. Ниските земји беа регион кој приближно ги опфаќаше денешна Белгија и Холандија. Во годините пред 1578 година, владата на Ниските Земји го дозволила само католицизмот и ги гонела протестантите. Во регионите преземени од протестантите, католиците биле третирани лошо и тие наишле на насилство. Армијата на Шпанија ја поддржуваше католичката влада на Ниските Земји. Војниците на армијата се бореле против протестантите, но и малтретирале многу католици. Умерените католици и протестанти од Ниските Земји склучија мир меѓусебно и се здружија во своето противење на шпанската армија. За да го одржат тој мир, тие развија збир на правила, обврски и забрани за да им олеснат на католиците и протестантите да живеат заедно. Овие различни мерки беа наведени во Religioensvrede.
Questions
Зошто практиките и обредите како што е пеењето може да предизвикаат навреда? Дали забраната и гонењето се добро или прифатливо решение?
Temporal Coverage
16 ви век
Spatial Coverage
Europe
Netherlands