Долго време, властите на Ниските земји ги надгледувале верските убедувања на нивните жители. Во 1566 година, голема група луѓе уништиле католички слики и статуи. Католичката влада на Ниските земји силно ги следела и ги гонела овие луѓе. Притоа, некои добија помилување, но други го изгубија целиот свој имот или пак беа погубени.Насилството и репресијата ги погодија и католиците. Во провинциите контролирани од протестантите, разни католици биле малтретирани и гонети. Оваа ситуација ги направи Ниските земји, поделен регион. Главната цел на Религискиот мир (1578), била повторно обединување на Ниските земји. Во првиот член од Религискиот мир се истакнува дека сите верски злосторства треба да бидат простени и заборавени. Договорот, исто така забрани истражување на таквите злосторства. Таквите иследници, всушност се сметаа за нарушувачи на мирот.
Религискиот мир (1578), беше договор за да се овозможи заеднички живот на католиците и протестантите во т.н. ниски„ земји”. Ниските земји беа регион кој приближно ги опфаќал денешните Белгија и Холандија. Во периодот пред 1578 година, владата на Ниските земји го дозволила само католицизам и ги гонела протестантите. Од друга страна, во регионите кои ги презеле протестантите, католиците исто така биле лошо и насилно третирани. Армијата на Шпанија ја поддржуваше католичката влада на Ниските земји. Војниците на армијата се бореле против протестантите, но исто така малтретирале и многу католици. Умерените католици и протестанти од Ниските земји склучиле мир меѓу себе и се здружиле во спротивставувањето кон шпанската армија. За да го одржат тој мир, тие развиле збир на правила, обврски и забрани, кои биле насочени олеснување на заедничкиот живот на католиците и протестантите. Овие различни мерки беа наведени во Религискиот мир 1578.